БЕНТОМАК – рудник на бентонитски глини кај Крива Паланка. Под името Бентомак е опфатена компанија која во 70-тите години на минатиот век вршела експлоатација на бентонитските глини во Славишко Поле. Тоа се наоѓалиштата Ранковци, Гиновци и Лупозната како рудник Бентомак кај Крива Паланка. Со прекини Бентомак до денес врши експлоатација на фино дисперзни бентонитски глини со висок квалитет. Дебелината на подинскиот слој кај Ранковци е 6 м, а во крајните делови постои листест бентонит со дебелина од 11 м. ЛИТ.: С. Ракиќ, К. Петровски, Неметалични минерални суровини во Македонија, Советување во Охрид, 1990; М. Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија. Скопје, 2005. Т. Сер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.