БЕНДИДА

БЕНДИДА – едонско-пиериско божество, со култ кај Струма. Бендида ја претставува „Големата Мајка” („Мегале Тхеа”). Иконографски се претставува со: кус хитон, наметка од животинска кожа (небрис), чизми, фригиска капа и копје. Култот се поврзува со пајонските култови посветени на Артемида и со бригиското божество Бендида. Посебно е почитувана кај Битините преселени од Стримон во Мала Азија, што е посведочено со називот на месецот Бендидеиос и со ликовните прикази на монетите на битинскиот крал Никомед (Ⅲ в. од ст.е.): божица со меч, штит и две копја. ЛИТ.: Д. Срејовић, А. Цермановић, Речник грчке и римске митологије, Београд, 1979; Д. Попов, Бендида, Софи®, 1981; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997. А. шук.

2019-01-05T19:38:50+00:00 0 коментари