БЕЛЈАЕВА, Јулија Дмитриевна (Беляева, Œлия Дмитриевна) (Москва, Русија, 8. Ⅴ 1927) – славистка, македонистка. По завршувањето на Филолошкиот факултет на МДУ „Ломоносов“ (1950) и одбраната на кандидатската дисертација по филолошките науки (1963) се специјализирала по историјата на јужнословенските литератури. Работела во Институтот за славистика и балканистика на АН на СССР во Москва, првин како научен соработник (1954–1977), а потоа како виш научен соработник (1977– 1990). Откако самостојно го научила македонскиот јазик, се занимавала со македонистика (од 1964) и објавила повеќе прикази (во руски, македонски и српски изданија) и избори, антологии и преводи од македонски автори на руски јазик. Учествувала со македонистички прилози и во колективни изданија: ПоÌтÎŒгославии ХХ в., Москва, 1957; Œгославские повести и рассказÎ, Москва, 1961; Œгославская поÌзия ⅩⅠⅩ–ⅩⅩ вв., Москва, 1987; ЛитературÎ народов Œгославии в России. Последняя четвертÏЏИЏ в. – начало ХХ в., Москва, 1979. БИБ.: Современная македонская проза – развитие зарубежнÎх славянских литератур на современном Ìтапе, Москва, 1966, 401–449; Кочо Рацин и рождение македонской пролетарской литературÎ, Зару-бежнÎе славянские литераторÎ. ХХ век, Москва, 1970, 369–384; Œгославская критика о македонской литературе, Направления и тенденции в современном зарубежном литературоведении и литературной критике, вÎп. 2, Москва, 1976, 136– 148; Кочо Рацин. БелÎе зори. Предисловие, Москва, 1982, 5–23; Концепция реализма в Œгославяской критике конца 50-х–70-х гг. ⅩⅠⅩ в., Реализм в литературах стран ЦентралÏной и Œго-Восточной ЕвропÎ, Москва, 1983, 127–167; Македонская литература в СССР (1945–1987), Научна дискусија на Семинарот за македонски јазик, литераура и култура, 14, Скопје, 1987, 1–12. ЛИТ.: Иван Доровски – Емилија Црвенквка, Лексикон на странски македонисти ⅩⅩ и ⅩⅪ век, Скопје, 2008, 10. Бл. Р.