БЕЛЧЕВ, Иван

БЕЛЧЕВ, Иван (с. Русиново, Малешевско, 1867 – с. Русиново, Малешевско, 24. Ⅰ 1921) – малешевски селски војвода. Учествувал во борбите кај с. Русиново, каде што загинал Даме Груев. Бил доброволец (1913) во ⅩⅠⅠⅠ кукушка чета во борбите за ослободување на Македонија од отоманската власт. Бил убиен од српските власти во близина на родното село. ИЗВ.: ЦДА, ф.: 1, оп. 1, а.е. 2, л. 159. Ал. Тр.

2019-01-05T19:38:49+00:00 0 коментари