БЕЛОМОРЕЦ

„БЕЛОМОРЕЦ“ (Солун, 2-7. XI 1912) – дневен политичко-општествен весник. Го уредувале А. Томов, К. Димитров, Павел шатев (подоцна заменет со Емануел Лјапчев) и И. Неделков (одговорен уредник). Бил печатен во печатницата на К. Тенчов. Објавени се вкупно 6 броја. Во првиот број се декларирал како продолжение на в. „Право“. Се појавил во времето на воспоставувањето на бугарската окупација на Солун и се залагал за „најчистиот демократизам“, со Македонија во границите на Бугарија. Грчката воена цензура го дала на суд (5. XI 1912), по што бил продаден на група еврејски новинари кои продолжиле да го издаваат под истото име, но на француски јазик. ЛИТ.: Ст. Симеонов, Българския печат в Македония, Съборник Солун, София, 1934, 256; Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980; 179-181; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 34-35. С. Мл.

2019-01-05T19:38:49+00:00 0 коментари