БЕЛИ-МАКЕДОНЕЦОТ, Барон Костадин Александров

БЕЛИ-МАКЕДОНЕЦОТ, Барон Костадин Александров (с. Блаца, Егејскиот дел на Македонија, 7. Ⅱ 1772 – Виена, Австрија, ?) – македонски патриот, добротвор. Поради албански насилства, богатиот татко Александар со семејството се преселил во Цариград и во 1802 г. бил близок со влашкиот кнез Ј. Караџа, па се преселиле во Букурешт, а веќе заможниот Костадин се префрлил во Виена, каде што и останал до крајот на животот. За благородните дела што ги правел, од императорот Фозеф Ⅱ ја добил титулата барон. Како голем македонски патриот, својата богата библиотека со тестамент му ја подарил на новооснованото училите во Нова Пела. На 9. Ⅻ 1835 г. потпишува тестамент, со кој ја изразува својата почит кон скоро ослободената Грција и, „покрај тоа што сум се родил во Македонија”, заветува свој имот во Атина „за да се издржуваат извесен број клиники во кои да се лекуваат Македонци болни од секаква болест” и тие болнички места да се викаат „Легла на болните–заштитници на баронот Костадин Бели-Македонецот”. Бил предложен за почесен граѓанин на Атина, а во новата населба Нова Пела биле изградени црква и училиште, на кое му ја подарил својата богата библиотека, со лична порака: „кога Македонија ќе достигне таков степен на развиток за да создаде свои училишта, тогаш Општинскиот совет на Нова Пела е должен книгите да $ ги отстапи на јавноста во Македонија”. Б. станал член-основач и донатор на едно Просветно друштво и бил иницијатор за основање и на Археолошко друштво во Атина. Потоа потпишал завештание при Баварската влада, од чијашто камата „да се дава стипендија на двајца млади Македонци за време од 6 години што би студирале во Академијата во Мин-хен”. Стипендистите се викале „Посвоени синови на г-н Бели” и од нив се барало „да ја сакаат и да ја почитуваат нашата драга, некогаш славна, татковина Македонија”. Подоцна овој фонд бил префрлен од Баварија во Грција и врз основа на купените 85 акции на Националната банка се давале стипендии од специјалната „Комисија за сместување на Македонци од оставнината на К. Бели”. Од 1850 г. Комисијата стипендирала и повеќе од двајца стипендисти, па до 1908 г. бројот на стипендистите студенти изнесувал „354 млади Македонци”. Веројатно со средствата од таа стипендија студирал во Атина и Григор Прличев, кој во својата „Автобиографија” наведува дека во 1849 г. во Атина имало едно „богато завештание од еден богат Македонец, жител на Блац, се вика Вељо, кое било наменето исклучиво за стипендии на сиромашните Македончиња”. За овој веќе „покоиниот Македонец Барон Костадин Бели” пoiишува во јануари 1892 г. Редакцијата на сп. „Лоза” дека пред 54 години од Виена упатил патриотски апел до своите сонародници, во кој ги прекорува: „А во последните си минути, стреснати от с„веста, умираме моÈне нажалени, и татковината ни, сладката ни маика родина не облеква за см„рта ни траур, нито п„к молитвите на останалите братиа ни придружават: татковината ни отритва като недостоини чеда за неината лиубов, като чужденци и изроди с думите: махни се от мене, изроде! И потомството ни ос„жда безчувствието и равнодушието ни с обикновените думи: ’И жив беше безполезен, и умрел достоен за ос„ждане!’”. ЛИТ.: Μακεδονικον Ημερολογιον, Εν Αθη− ναζ, 1909, Ειορ Γ’, 19-36; Григор Прличев, Одбрани страници, Скопје, 1959, 194; „Лоза”, И, 1, Софиа, 1892, И; Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874–1926), Скопје, 1966, 108–109; истиот, Македонски летопис. Раскопки на литературни и национални теми, Скопје, 1993, 107-108. Бл. Р. Јулија Белјаева

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.