БЕЛИЌ, Александар

БЕЛИЌ, Александар (Белград, 2. Ⅷ 1876 – Белград, 26. Ⅱ 1960) – лингвист, професор и ректор на Белградскиот универзитет, член и претседател на Српската кралска академија (подоцна САНУ), член на повеќе академии на науките и научни друштва во ФНРЈ/ СФРЈ и во странство. Студиите ги завршил на Универзитетот во Москва и во Одеса, докторирал на Универзитетот во Лајпциг. На Белградскиот универзитет во 1899 г. е именуван за доцент и понатаму е избиран во сите звања. Бил професор по срхр. јазик и словенска филолоАлександар Белиќ гија. Почесен професор на Московскиот државен универзитет, основач и уредник на сп. „Јужнословенски филолог“ и „Наш језик“. Објавил над 600 научни прилози. Се занимавал со дијалектологија и историја на српскиот, хрватскиот и словенечкиот јазик, со нормата и лексикографијата на српскиот (српскохрватскиот) јазик. Македонскиот јазик најнапред го сметал за архаичен српски дијалект од Стара Србија, подоцна еволуирал во своите сфаќања и ги истакнува посебностите на мак. јазик. По 1945 г. ги признава постоењето и историјата на мак. јазик. ИЗВ.: Зборник лингвистичких и филолошких расправа у част А. Белићу о четрдестгодишњици његова научна рада, Београд, 1937; Зборник радова о Александру Белићу, САНУ, Београд, 1976. ЛИТ.: Изабрана дела Александра Белића у 14 томова, Београд, Завод за издавање уџбеника, 1995–2000. БИБ.: О језичкој природи и језичком развитку (1941); Дијалекти Источне Јужне Србије (1905), Галички дијалекат (1935) и др. Љ. Сп. Тито Беличанец

2019-01-05T19:38:49+01:00 0 коментари