БЕЛЕВ, Трајан

БЕЛЕВ, Трајан ( псевд. Гоце) (с. Ѓавато, Битолско, 4. Ⅰ 1902 – с. Кленоец, Кичевско, 6. Ⅹ 1943) – печалбар и национален деец. Бил член на КПЈ (1938) и првоборец во НОАВМ; член на Окружниот оперативен воен штаб во Битола (1942), политички комесар на НОПО „Дамјан Груев“ и заменикполитички комесар на Првиот баталјон на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ „Мирче Ацев“. Загинал во борба со балистичките сили. ЛИТ.: Бено Русо, Револуционерниот лик на Трајан Белев, „Пелистер“, јубилеен весник, бр. 3, Битола, 22. Ⅳ 1971; Коле Бендевски – Мијал Грбевски, Револуционерната дејност на Трајан Белев-Гоце, Битола и Битолско во НОВ 1943-1944, кн. втора, Битола, 1982, 563-594; Ѓорѓи Димовски-Цолев, Трајан Белев-Гоце, Битола, 1987. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.