БЕЛАСИЧКА БИТКА

Беласичката битка на Самуила со Василиј Ⅱ (1014)

БЕЛАСИЧКА БИТКА (29. Ⅶ 1014) – решавачката битка на цар Самуил со Василиј Ⅱ. За да го соп-ре катагодишното пробивање на византискиот император Василиј Ⅱ, царот Самуил поставува преграда кај Клучката Клисура. Како тактички маневар, за да го принуди императорот да ја раздвои војската, го испраќа Несторица со војска кај Солун, но не успеал. Во почетокот Василиј Ⅱ безуспешно се обидувал да ја пробие препреката и кога бил готов да се откаже – стратегот Никифор Ксифија предлага план за напад и со забрзан марш ја заобиколува Беласица од јужната страна, се искачува до врвот и во јуриш напаѓа со голема врева, спуштајќи се кон Струмичкото Поле. Истовремено и Василиј Ⅱ извршува напад, а Самуиловата војска, наоѓајќи се помеѓу две византиски војски, се разбегува. Голем број од Самуиловите војници се заробени или убиени. Самуил е спасен од Гаврил Радомир, кој на коњ го однел во Прилеп. ЛИТ.: Стјепан Антолјак, Средновековна Македонија, И, Скопје, 1983; Бранко Панов, Средновековна Македонија, Ⅲ, Скопје, 1983; Историја на македонскиот народ, И Скопје, 2000; Ванче Стојчев, Воена историја на Македонија, Скопје, 2000; Милан Бошковски, Македонија во XI и Ⅻ век (надворешни упади на територијата на Македонија), Скопје, 1997. Б. Р.-Ј.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.