БЕКТАШИ

БЕКТАШИ . (ⅩⅠⅠⅠ в. – 1826 г.) – хетеродоксен дервишки ред. Основан од Хаџи Бекташ Вели, официјално укинат (1826) од султанот Махмуд Ⅱ (1808–1839). Биле сметани за заштитници на јаничарите. Се карактеризира со мистицизам, заснован врз еретички елементи од предисламскиот период, со занемарување на верските обврски, вклучувајќи ја и задолжителната молитва. Тајните учења им се шиитски. Тие ги признаваат дванаесетте имами, а главна личност за нив е Али, кого го поврзуваат со Алах и со Мухамед. Во нивните обреди има многу христијански елементи, примени во Анадолија и при нивното ширење на Балканот, особено во Албанија, а оттаму и во Западна Македонија. Одиграле важна улога во исламизацијата на христијанското население поради блискоста на нивните обреди со христијанските. Активни се и денес, посебно во Република Албанија и на Косово, а во Република Македонија седиштето им е во Арабати баба теќе во Тетово. ЛИТ.: Јохн Кингслеѕ Бирге, Тхе Бектасхи ордер оф Дервисхес, Лондон, 1965; Александар Матковски, Отпорот во Македонија, Ⅱ, Скопје, 1983; М. Сертоðли, Бектаþилик недир?, šстанбул, 1969; М. Схоублиер, Лес Бектасхис ет ла Роумелие, Ревуе дес етудес исламиљуес, Ⅲ, Парис, 1927. Др. Ѓ.

2019-01-05T19:38:48+00:00 0 коментари