БЕГСТВО ОД ЛОГОРИТЕ И ЗАТВОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА на политичките затвореници од Македонија

БЕГСТВО ОД ЛОГОРИТЕ И ЗАТВОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА на политичките затвореници од Македонија (1943 г.) – по капитулацијата на Италија ослободените политичките затвореници биле прифатени од албанското народноослободително движење. Дел од нив заминале во албанските партизански единици и на територијата на Албанија од нив бил формиран баталјонот „Боро Вукмировиќ“, кој веднаш потоа заминал во Македонија и се вклучил во борбата како еден од баталјоните на Првата МКНОУБ, а другиот дел од политичките затвореници во Западна Македонија се активирал во работата на заднинските органи на НОВ на Македонија. ЛИТ.: Оковани во пранги. Сеќавања на политичките затвореници, интернирци и депортирци – припадници на Народноослободителното движење на Македонија (1941–1944), Скопје, 1982. М. Мих.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.