БЕГИНОВ, Борис

БЕГИНОВ, Борис (Велес, 18. Ⅰ 1911 – Велес, 15. Ⅰ 1996) – директор, актер и режисер на Народниот театар во Велес (1948–1952 и 1954–1966). Пред Втората светска војна работи како аматер. Еден од основачите на НТ од Велес (1948–1966). РЕЖИИ: „Длабоки корени”; „Печалбари”; „Бегалка”; „Ученик на ѓаволот”; „Расцветан јасмин”; „Легенда за Рацин” и др. УЛО.: Осман бег („Македонска крвава свадба”); Велко („Вејка на ветрот”); Живота („Д-р”); Митке („Коштана”). Р. Ст.

2019-01-05T19:38:48+00:00 0 коментари