БАЈРАКТАРИ, Мехди

БАЈРАКТАРИ, Мехди (Гостивар, 7. Ⅰ 1936 – Скопје, 26. Ⅴ 1995) – актер во Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје од 1954 г. Типичен карактерен актер со широк изразен дијапазон, со убава дикција и сценска појава. Со забележителен успех играше и во проекти на Турската драма. Поединечно гостувал на Фестивалот класика на југословенската сцена во Лесковац („Госпоѓа министерка”). Улоги: Астров („Вујко Вања”); Хорват („Вучјак”); Борис Ганов („Александра”); Јаго („Отело”); Ангеле („Парите се отепувачка”). Р. Ст.