БАЈАЗИД И

БАЈАЗИД И (Одрин, 1354/1360 – Ахшехир 8. Ⅲ 1403) – четврти османлиски султан, познат како „Илдирим” („Молња”). Владеел со Македонија 13 години (28. Ⅵ 1389 – 28. Ⅶ 1402). Во негово време биле освоени Солун (април 1394, вторпат), Кратово (1390), Воден, Скопје (кр. на 1391 или поч. на 1392 г.), Серфиџе (1393) и други помали места во јужна Македонија. ЛИТ.: А. Стојановски, Градовите во Македонија од крајот на ⅩⅣ до ⅩⅤⅠⅠ век, Скопје, 1981; Х. Ј. Корнрумпф, Биограпхисцхес Леџикон зур Гесцхцте Судостеуропас, „Сüдостеуропаисцхе Арбеитен”, 75/Лиеф. 2 у. 3. Мüнцхен, 1973. Ј. Јан.

2019-01-05T19:38:41+00:00 0 коментари