БАШТИНА

БАШТИНА -. наследство од татко, татковина во обичајното право. Посебно е карактеристична како наследен феудален имот во средновековјето или наследен земјиштен имот на едно христијанско раинско семејство на државна (мириска) земја во времето на османлиското владеење во Македонија. Големината била определувана според бонитетот на почвата: 70-80 дунуми – многу добра, 80-120 дунуми – средна и 120-150 дунуми – лоша земја. За самоволно напуштање на земјата бил плаќан данок за напуштено рало (75-300 акчиња). Ако наследството минувало од татко на син, не се плаќала наследна такса. Се среќава и во народната поезија („Едрене ми е баштина, / Цариград ми е дедовина”; „земја да ослободиш, синко, на татко баштина”). ЛИТ.: Македонско-слав®ский сборник с приложением словар®. Составил П. Драганов. Вѕпуск И, С.-Петербург, 1894, Васил Хаџиманов, Македонски борбени народни песни, Скопје, 1960, 30; Александар Матковски, Крепосништвото во Македонија во време на турското владеење, Скопје, 1978; истиот, Кануни и фермани во Македонија, Скопје, 1990. С. Мл.

2019-01-05T19:38:48+00:00 0 коментари