БАШЕВСКИ, Димитар

БАШЕВСКИ, Димитар (с. Ѓавато, Битолско, 27. Ⅵ 1943) – романсиер, поет, преведувач. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот во Скопје. Долго работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија” од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура”. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово”. Претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ (1969). Неговите дела се објавени во странство на англиски, чешки, романски, српски и албански. БИБ.: „Туѓинец” (роман, 1969), „Враќање” (роман, 1972), „Раска” (роман, 1974), „Нема смрт додека ѕвони” (роман, 1980), „Една година од животот на Иван Плевнеш” (роман, 1985), „Куќата на животот” (поезија, 1987), „Сарајановскиот каранфил” (роман, 1990), „Дневникот на Ања” (роман за деца, 1994), „Привремен престој” (поезија, 1995), „Совладано време” (поезија, 1998), „Бунар” (роман, 2001). Р. Ж. Башески: споменикот на Александар Велики, Прилеп

2019-01-05T19:38:47+00:00 0 коментари