БАТАЛАКОВ, Тони

БАТАЛАКОВ, Тони (Антон), (Скопје, 20. IX 1945) – балетски играч и репетитор. Напоредно со гимназијата го завршува Средното балетско училиште во Скопје. Член е на Балетот при МНТ (1964–1992), каде што станува првенец со изразена индивидуалност, техничка сигурност и партнерско умеење. Директор на Балетот при МНТ (1979–1989) и наставник во Балетското училиште при МБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје. УЛО.: Гиреј (Б. Асафјев, „Бахчисарајска фонтана”), Јаго (Ј. Хануш, „Отело”), Марко (С. Христиќ, „Охридска легенда”), Ромео (Прокофјев, „Ромео и Јулија”) и др. Ем. Ⅹ.