БАРБАРОВСКИ, Миле

БАРБАРОВСКИ, Миле (с. Дабиле, Струмичко, 1. IX 1952) – композитор на популарна музика. Дипломирал на ФМУ во Скопје, на Одделот за ударни инструменти во класата на Емил Клан. Ав-тор е на над 300 новосоздадени песни и ора во духот на народното творештво. Учесник на сите фестивали што се одржуваат во Македонија и на кои освоил голем број награди. Меѓу песните што веќе се дел од антологијата на новосоздадените песни во народен дух се: Ако згрешам нека изгорам, Молитва, Дали чекаш стара мајчице, Песната може сћ, Гоцева порака идр. М. Кол. Анри Барбис

2019-01-05T19:38:46+00:00 0 коментари