БАРБАРЕСКО, Јани

БАРБАРЕСКО, Јани (Костур, ? – Негуш, првите денови на април 1822) – еден од првенците на Костур и учесник во Негушкото востание. Учествувал на состанокот на првенците од Негуш одржан во манастирот Св. Богородица Добра близу до Бер во почетокот на 1822 г., на кој било одлучено за времето и местото на кревањето на востанието. Загинал во борба гради в гради со аскерот пред црквата „Св. Димитриј“ во Негуш. ЛИТ.: Д-р Ристо Поплазаров, Негушкото востание од 1822 година и учеството на Македонци во Грчкото востание, „Прилози“, 34-35, Битола, 1981. М. Здр.

Напишете коментар