БАРАНОВ, Николај Илич

БАРАНОВ, Николај Илич (Русија, 1887 – ?) – ентомолог. Во периодот меѓу двете светски војни и во Втората светска војна бил ентомолог во Хигиенскиот завод во Скопје и во Хигиенскиот завод во Загреб (1920–1944) и научен соработник на Заводот за паразитологија при Ветеринарниот факултет во Загреб. Открил над 200 нови видови двокрилци од Европа, Азија, Африка и Австралија. Ги обработил мувите од фамилијата Тацхинидае и ги открил леглата на познатата голубачка мушичка во Дунав (1936). БИБ.: Морфологија мароканског скакавца, Заштита билја, 1925; О голубачкој мушици (поголем број статии) Ветеринарски архив 193439; Маслинова мушица, Архив Министрарства полјопривреде, 1940. С. Мл.