БАРАКОВСКА-РОЗА, Веса

БАРАКОВСКА-РОЗА, Веса (Благоевград, 18. Ⅲ 1922 – с. Лисија, Горноџумајско, 29. Ⅰ 1944) – Веса Бараковска -Роза младински раководител, прва партизанка од Пиринскиот дел на Македонија. Член и секретар на Работничкиот младински сојуз (1938), партизанка во Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“ (Ⅶ 1943). По тој повод Никола Парапунов испратил директивно писмо до сите партизански одреди и партиски организации насловено „Првата“. ЛИТ. : Георги Т. Мадолев, Въоръжената борба в пиринския край 1941–1944,София, 1966; Безсмъртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг, София, 1971; Христо Динев, Пирински соколи, София, 1970. В. Јот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.