БАНДЕРА

БАНДЕРА .(с. Долни Козјак) – каструм со светилиште од римско време (Ⅱ–Ⅲ в.). Претставува рид со издолжено плато што се издига над селото. Во 1967/68 г. Народниот музеј од Штип открил остатоци од темели на бедем широк 2 м, што го опкружувал платото, а во неговиот с-з крај темели од четвртест објект со дим. 4 х 4 м, во кој биле најдени вотивни плочи од мермер со релјефни претстави на Зевс и Зевс и Хера, Тракиски коњаник, Херакле и Асклепиј. Истите имаат врежани заветни посвети и имиња на дедиканти, кои се тракиски и тракизирани латински имиња. Се смета дека светилиштето било користено од војници од внатрешноста на Тракија, стационирани во каструмот заради заштита на градот Баргала, чии остатоци се лоцирани во месноста Беш Тепе. ЛИТ.: Александар Панев – Маријана Рицл, Ноувеллес инсцриптионс вотивес де Мацèдоине ориентале, ЗПЕ, 101, 1994, 139–149. В. С.

2019-01-05T19:38:45+00:00 0 коментари