БАЛКАН ЖУРНАЛ ОФ МЕДИКАЛ ГЕНЕТИКС

„БАЛКАН ЖУРНАЛ ОФ МЕДИКАЛ ГЕНЕТИКС“ . („БАЛКАН ЈОУРНАЛ ОФ МЕДИЦАЛ ГЕНЕТИЦС“) – меѓународно научно списание што објавува оригинални научни и прегледни трудови и кратки соопштенија од сите области на хуманата гентика: цитогенетика, молекуларна генетика, клиничка генетика, имуногенетика, онкогенетика, фармакогенетика, популациона генетика, генетски скринирања и дијагноза на моногенски и полигенски болести, пренатална и преимплантациона генетска дијагноза, генетски консултации, терапија и превенција. Првиот број е отпечатен во 1998 г. Главни уредници се Г. Д. Ефремов и Д. Тончева, со уредувачки одбор од 30 научници од 19 земји. Издавач на првите броеви на списанието беше Мед. ф. во Софија, а од 2000 г. е МАНУ. Списанието излегува два пати го-дишно и истото е индексирано во ЕМБАСЕ (тхе Еџцерпта Медица датабасе), Елсевиер Биобасе (Цуррент Ањаренесс ин Биологицал Сциенцес), Елсевиер ГеоАбстрацт, Сцопус и Цхемицал Абстрацтс. Списанието се печати на англиски јазик. Трудовите се рецензирани од анонимни рецензенти. Електронската верзија на списанието е достапна на веб-страницата: њњњ.бјмг.еду.мк. Г. Ефр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.