БАЛКАНСКО СДРУЖЕНИЕ

„БАЛКАНСКО СДРУЖЕНИЕ. БАЛКАН УНИФИЦАТИОН” (Детроит, Мич., САД, И, 1, Áни 1931 –ИВ, 36, Áни 1934) – месечен орган на Македонскиот народен сојуз во Америка, под редакција на Георги Д. Пирински. Како весник на македонската прогресивна емиграција во САД, има задача да изгради единствен балкански фронт „против фашистичката група на Ив. Михајлов околу Македонска трибуна” и за изградување Балканска федерација. Во т. 6 од Резолуцијата на Првиот основачки конгрес на МНС, објавена во бр. 1 на весникот, се наведува: „Заради соработка за изградување на една заедничка татковина – Балканска федерација, се основува печатен орган ,Балканско сдружение’ на неколку јазици. Меѓу балканската емиграција Сојузот треба да развие голема дејност за изградување на единствен фронт што ќе биде најголема гаранција за македонското ослободително движење.” Иако е предвидено весникот да излегува на сите балкански јазици и на англиски, се печати само на бугарски со одделни статии и на англиски. Бидејќи се смениле „паролите на македонското прогресивно движење” и весникот „не ја конкретизира македонската борба”, станал непогоден насловот „Балканско сдружение”, па на Ⅳ конгрес на МНС во Чикаго (1934) е сменет насловот во „Трудова Македония”, зашто „ги определува јасно карактерот, целта и задачите на Македонскиот народен сојуз”. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, Ⅱ, Скопје, 1983, 511–512. Бл. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.