//БАЛКАНСКИ ЈАЗИЧЕН СОЈУЗ

БАЛКАНСКИ ЈАЗИЧЕН СОЈУЗ

БАЛКАНСКИ ЈАЗИЧЕН СОЈУЗ – структурална и грамат. нивелација на балканските јазици, резултат од активниот соживот на балканските народи во регион без граници под исти економски и културни околности: полуномадско сточарство, заеднички пазари, мешани бракови и др. Доминацијата на грчката култура и римската администрација поставиле основа на БЈС. Погодни услови за таков развој имало и под Византија, а процесот бил забрзан под османл. доминација, кога христијанската вера на немуслим. население му служела и за национална идентификација. Потребата од заемно разбирање ги довела луѓето до масовна дво- и тројазичност, што придонесло за спонтано образување на заедничка структура во разнородните балк. јазици. Нивните заеднички структурни особености -балканизми (аналитичка деклинација, описна компарација, удвојување на објектот и др.) претставуваат уникатна појава. Според мерката до која е стигнат развојот на овие особености во еден балк. ј-к, се суди и за степенот на неговата балканизација. Македонскиот припаѓа кон централниот круг (аром., јужноалб. тоскиски дијалект и бугарскиот). Во јазиците од вториот круг (новогрчки, северноалб. гегски дијалект, југоист. срп. говори и европски турски) развојот на некои балк. црти е недовршен. ЛИТ.: П. Хр. Илиевски, Балканолошки лингв. студии, Ск. 1988, пассим. П. Хр. Ил.

2019-01-05T19:38:44+00:00 0 коментари