БАЛКАНСКИ ПРВЕНСТВА ВО СКИЈАЊЕ

Скијачкиот центар „Заре Лазаревски” во Маврово

БАЛКАНСКИ ПРВЕНСТВА ВО СКИЈАЊЕ. Второто балканско првенство во скијање (1947) било одржано на Попова шапка, а скијачите од Југославија (само од Словенија), Бугарија, Романија и Унгарија се натпреварувале во алпска комбинација (спуст и слалом). Во поединечна конкуренција најдобар бил Петар Сикола од Унгарија. Во екипна конкуренција Југославија го освоила првото место. На Четвртото балканско Скијачкиот центар „Заре Лазаревски” во Маврово првенство во Маврово (1971) учествувала „А” и „Б” репрезентацијата на Југославија, Бугарија, Романија и Турција. „Б” репрезентацијата, составена само од Македонци, не постигнала некои забележителни резултати. Се натпреварувале во алпските и во класичните дисциплини (трчање и штафети) за сениори, младинци и младинки. Југословенската репрезентација го освоила првото место со 3 златни, 7 сребрени и 6 бронзени медали. На Деветтото балканско првенство во Маврово (1976) се натпреварувала „А” и „Б” репрезентацијата на Југославија („Б” составена главно од македонски скијачи, која не постигнала значајни резултати), Бугарија, Грција и Романија. Тие се натпреварувале во алпските и во класичните дисциплини за сениори, младинци и младинки. Југославија го освоила второто место со 4 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медали. Д. С.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.