//БАЛКАНСКИ ПРВЕНСТВА ВО КОШАРКА

БАЛКАНСКИ ПРВЕНСТВА ВО КОШАРКА

БАЛКАНСКИ ПРВЕНСТВА ВО КОШАРКА. Тие се одржани во Скопје, од кои четири за мажи и едно за жени. Машката кошаркарска репрезентација на Југославија ги победила сите противници и го освоила првото место пред Бугарија, Романија и Турција (1961). Женската кошаркарска репрезентација на Југославија ги загубила двата натпревара и го зазела последното место, зад Бугарија и Романија (1966). Машката репрезентација ги победила сите противници и го освоила првото место пред Бугарија, Грција, Романија и Турција (1967). И по третпат Репрезентацијата ги победила сите противници и била најдобра, пред Романија, Грција, Бугарија и Турција (1977). На последниот натпревар Југословенската машка репрезентација била поразена само од Бугарија, а ги победила другите противници и го освоила првото место пред Романија, Бугарија, Грција, Турција и Албанија (1990). Некои од натпреварите биле играни и во Куманово. ЛИТ.: Алманах, КСЈ 1945–1988, Београд, 1988. Д. С.

2019-01-05T19:38:44+01:00 0 коментари