БАЛКАНСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ

БАЛКАНСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ. Десеттото балканско првенство во грчко-римски и слободен стил за сениори е одржано во Скопје (1961) со учество на репрезентациите на Бугарија, Грција, Југославија, Романија и Турција. Првак станала Југославија, а во слободен стил второ место освоиле македонските борачи: Мустафа Адем, Тефиков Рамиз, Екрем Алија и Ризвани Арслан. Деветтото балканско првенство во грчко-римски и слободен стил за младинци е одржано во Скопје (1976) со учество на Бугрија, Грција, Југославија, Романија и Турција. Во слободен стил прво место освоиле македонските борачи: шабан Сеидиу, Киро Ристов и Ристо Дарлев. Во Радовиш, веќе афирмиран центар на борењето–слободен стил, било одржано Дваесет и четвртото балканско првенство во грчко-римски и слободен стил за младинци, со учество на Албанија, Бугарија, Грција, Југославија, Романија и Турција. Прво место во слободен стил освоиле македонските борачи: Влатко Соколов, Николче Калајџиев и Тони Танчев. Ф. Ѓ.

Напишете коментар