БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЈА/ КОНФЕДЕРАЦИЈА

БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЈА/ КОНФЕДЕРАЦИЈА – проект за создавање македонска држава и балканска федерација / конфедерација што го претставил во Европа и го популаризирал Пол Аргиријадес (1869-1894). Македонскиот интелектуалец Спиро Гу-Насловот на сп. „Балканославика”, Прилеп Блапчев (од Лерин) објавил (1887) свој проект за Источна федерација на Балканот од осум државиконституентки: Македонија (во нејзините географски и етнички граници), Епироалбанија, Европска Турција, Црна Гора, Романија, Србија, Бугарија и Грција. Македонските социјалисти се застапувале за создавање самостојна Македонска Република во Федерација на балканските републики. Во почетокот на ⅩⅩ в. македонските интелектуалци, групирани во Србија околу в. „Балкански гласник” (Белград, уредуван од Стефан Јакимов Дедов) и тие во Русија, организирани во Македонското научно-литературно другарство, се застапувале за создавање самостојна македонска национална држава, „пиемонт” за обединување на словенските и православни народи на Балканот, „балканското словенство и православие”. Непосредно по Илинденското востание (јануари 1904), претставниците на Македонската револуционерна организација Борис Сарафов и Михаил Герџиков отпатувале во Рим за да ја заинтересираат Италија заедно со Франција и Англија да се ангажираат за создавање македонска држава, јадро за формирање Балканска конфедерација. Македонскиот клуб во Белград и неговиот орган, в. „Автономна Македонија” (1905), што го издавале Гр. Хаџиташковиќ и Ѓ. Ѓерѓиковиќ, се застапувал исто така за балканска федерација/конфедерација. Народната федеративна партија на Јане Сандански (1908) се определила за создавање Источна федерација со Македонија како одделна федерална единица. За создавање Балканска федерација, односно конфедерација се застапувале и социјалдемократските организации 1908–1913, македонските интелектуалци во Русија (1913–1914 и 1917–1924), а македонските друштва во швајцарија (1919) барале создавање македонска држава и балканска, односно јужнословенска федерација. По војната ВМРО(Об.) се определила за македонска република во балканска федерација. Македонските комунисти во Вардарскиот дел на Македонија (1941– 1944) го реализираа проектот за македонска национална држава во Југословенска федерација. Во 1991 г. Република Македонија прогласи државна независност. ЛИТ.: М. Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла (1887 &1919), Скопје, 1985; А. Христов – М. Миноски, Идејата за федерација во македонското националноослободително движење и неговите програмски основи (1893& 1935), Зборник на документи, Скопје, Српската артилерија на позиција во Кумановската битка (1912) МАНУ, 1994; М. Пандевски, Политички партии и организации во Македонија (1908&1912), Скопје, 1965; Б. Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, Ⅱ, Скопје, 1983, 75&144; истиот, Програмата на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград од 1917 година за Балканска федеративна демократска република (Прилог кон проучувањето на идејата за Балканска федерација во македонското револуционерно движење), „Историја”, 1, 1977. М. Мин. „Балканска Федерација”, орган на националните малцинства и на народите на Балканот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.