БАЛКАНИЗМИ

БАЛКАНИЗМИ . (лингв.) – јазични конструкции карактеристични за јазиците што му припаѓаат на т.н. балкански јазичен сојуз. Кај дел од балканските јазици тие се наследени, а кај другиот дел – никнати преку јазична интерференција како резултат на вековниот контакт со јазиците од првиот тип. Македонскиот спаѓа кон јазиците од вториот тип; неговата наследена словенска структура, како резултат на милениумските контакти со балканската јазична средина, примила голем број балкански јазични карактеристики – балканизми. Специјалистите оценуваат дека македонскиот денеска е „најбалкански” меѓу балканските јазици. Балканизмите се присутни на сите нивоа на македонската јазична структура: во гласовниот систем, во граматиката и во лексиката. З. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.