БАЛИ КОМБЕТАР Национален фронт

„БАЛИ КОМБЕТАР – Национален фронт . – албанска националистичка и профашистичка организација, формирана во ноември 1942 г. во Албанија од страна на Италијанците, со помош на квислингот Мустафа Круја. Организацијата ја раководеле големопоседниците, главно аги и бегови, бајрактари од Северна Албанија. Најважната парола со која добивале највеќе приврзаници била „создавање на голема Албанија“. За борба против народноослободителните воени единици во Македонија и во Албанија, во март и септември 1943 г. склучиле сојуз со италијанската и германската војска, од кои подоцна добиле оружје и муниција. Кон крајот на 1943 г. го формирале Косовскиот полк. Во Македонија, покрај воените дејства, балистите извршиле многубројни палежи, грабежи, силувања и убиства. Овие акции ги изведувале сами или во координација со италијанските и со германските воени сили. Во Македонија и во Србија биле наполно разбиени во 1944–1945 г. ЛИТ: Ѓорѓи Малковски, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002; истиот, Балисти, Скопје, 2002; м-р Павле Џелетовий, Балистички покрет 1939–1952, Београд, 2000. Ѓ. Малк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.