БАЛАБАН

БАЛАБАН (Балабанидис, Балабаноглу), Аврам Продром (Ендурљук, Мала Азија, 1865 – Битола, 1913) – лекар, хирург. Медицина завршил во Цариград (1890). Како лекар, хирург и гинеколог работел Бакла во Охрид, Приштина и Елбасан, а од 1899 г. во Битола, каде што отворил прифатилиште со ординација, операциона сала, неколку болнички кревети и аптека. Работел и во болницата „Благовештение”. Во Балканските војни се заразил од пегавиот тифус и починал. П. Б.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.