БАЛАБАНОВ, Павел

БАЛАБАНОВ, Павел (Охрид, 20. Ⅷ 1942) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1969). Работел во Заводот за урбанизам и архитектура во Охрид. Ја основал Архитектонската работилница „Балабан и партнери“ во Охрид (1991). Проектирал поголем број објекти со разновидна функција во кои успешно го вклопува духот на традиционалната архитектура. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Позначајни реализации: ОУ „Свети Климент Охридски“ во Охрид (1979); деловни простории на Заводот за урбанизам и архитектура на ЗОИЛ „Македонија“ во Охрид (1981); ОУ „Христо Узунов“ во Охрид (1983); Трговскиот центар „Гевгелија“ во Гевгелија (1984). Кр. Т. Оливер Балабурски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.