БАКАЛОВСКА, Марија

БАКАЛОВСКА, Марија (Охрид, 1928) – универзитетски професор и стопанственик. Дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1954). Работела во „Југохром” – Јегуновце. Специјализации и студиски престои во Белгија, швајцарија, Полска, Бугарија и во В. Британија. Била раководител на лабораторија, контрола и на службата за развој во „Тетекс” – Тетово (од 1956). Работела на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (од 1970) како предавач, па с” до пензионирањето (1988) како редовен професор. Подрачје: Текстилни влакна. Автор/коавтор е на 4 учебници и помагала и на научни и стручни трудови и проекти. Била потпретседател на Собранието на РМ, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и претседател на Заедницата за научни дејности на Македонија. ЛИТ.: „Билтен на УКИМ” од 2. Ⅶ 1982 г.; 40 години Технолошко-металуршки факултетСкопје, монографија, ТМФ, Скопје, 2000 г., стр. 111. Св. Х. Ј.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.