БАЗИЛИКА ДЕ

БАЗИЛИКА ДЕ (Хераклеја Линкестис) – источно од градските бедеми натслоена од средновековна некропола. Во периодот 1980–1986 при ископувањето на трикорабната, гробишна Базилика Де – еџтра мурос, градена во времето на Јустинијан И, е откриена некрополата што егзистирала до крајот на Ⅵ век, за потоа во времето од крајот на Ⅹ-XI в. да се лоцира средновековна некропола, врз средниот и јужниот брод и врз постарите гробови. Има индиции дека средновековните гробови (со типичен накит од преминот на Ⅹ во XI в.) се вкопувале околу истовремената капела изградена врз урнатините на презвитериумот на Базиликата Де. ЛИТ.: Е. Манева, Базиликата Де од Хераклеја Линкестис, „Лихнид”, 7, Охрид, 1989, 51–61; Еад., Средновековна некропола кај Базиликата Де во Хераклеја, „Историја”, ЏЏИИ, 1, Скопје, 1986. Ел. М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.