БАЗЕРКОВСКИ-ЛАНСКИ, Стефан

БАЗЕРКОВСКИ-ЛАНСКИ, Стефан (Прилеп, 1921 – Прилепец, Прилепско, 20. Ⅻ 1942) – радиомеханичар и комунистички деец. Како член на СКОЈ (1940) и на КПЈ (1941), бил еден од организаторите на НОАВМ во Прилеп и Прилепско, борец во Прилепската партизанска чета (септемвриоктомври 1941) и во Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев“ (октомври–декември 1941), а по расформирањето на одредот бил испратен на партиска работа во Скопје. Подоцна се вратил во Прилеп и пак заминал партизан, како интендант на Вториот прилепски НОПО „Димитар Влахов“ и борец во Прилепскиот НОПО „Ѓорче Петров“ (мај 1942). Загинал во борба со бугарската војска и полиција. Стефан Базерковски -Лански Рождество Христово, икона од црквата „Св. Петка”, с. Маловишта (ⅩⅠⅩ в.) ЛИТ.: Прилеп и Прилепско низ историјата, книга втора, Меѓу двете светски војни и Народноослободителната војна, Прилеп, 1972; Прилеп и Прилепско во НОВ 1941 година, „Култура“, Скопје, 1976; Прилеп и Прилепско во НОВ 1942 година, кн. И-Ⅱ, „Култура“, Скопје, 1978. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.