БАЖДАРОВ, Георги

Георги Баждаров

БАЖДАРОВ, Георги (с. Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија, 8. Ⅱ 1881 – Варна, 19. IX 1919) – новинар, публицист, историчар, револуционер и општественик. Завршил историја на Софискиот универзитет. Уште како ученик во Битолската гимназија влегол во редовите на ТМОРО. Како секретар на четата на Илија Крчовалијата (1901– 1903) учествувал во Илинденското востание. По убиството на Александар Протогеров, станал еден од водачите на неговото крило и огорчен противник на ванчомихајловистите. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Македонија”, еден од основачите на „Македонски преглед” и на Македонскиот научен институт во Софија и негов потпретседател (1927). В. Тоц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.