БАДЕВ, Јордан

БАДЕВ, Јордан (Битола, 1888 – Софија, 1944) – бугарски литературен критичар, пројавен како екстремен портпарол на десницата во редовите на бројната македонска емиграција во Бугарија, врзан за милитантното крило на Тодор Александров и Иван Михаилов. Во текот на Втората светска војна отворено се става на страната на фашистичките кругови во Бугарија. Жестоко го напаѓа Венко Марковски на страниците на скопскиот месечник „Македонија” (1943). Убиен е во Софија од бугарските партизани веднаш по 9 септември 1944 година, без судење и судско обвинение. Средно образование завршил во Битола, студирал на Софискиот универзитет и во швајцарија (Лозана). Бил учител во Битола и во Софија и секретар на Народниот театар во Софија. Соработувал во авангардното литературно сп. „Златорог” а најмногу во софискиот дневен весник „Зора”, сопственост на Данаил Крапчев, исто така профашистички ориентиран. Своевремено бил наречен „гебелсовски апологет на големобугарскиот шовинизам и монархофашизам”. Терминот „бадевштина” се земал како синонимија за полициски прогон на творците во Бугарија помеѓу двете светски војни. Г. Т. Никола Бадев

2019-01-05T19:38:41+00:00 0 коментари