БАГРЕМ

БАГРЕМ .(вид Робиниа псеудоацациа Л., фам. Легуминосае) – еден од првите странски видови (Северна Америка), внесен уште од ⅩⅠⅩ век во Македонија. Дрво до 30 м високо, со топчеста или со овална круна. Листовите сложени непарно перести, со сочнозелени, елипсовидни, прости ливчиња (9–21). При основата на лисната дршка има два, остри, одрвенети трна. Цветовите се бели, ретко розови, собрани во гроздести соцветија. Плодот е кафеава мешунка. Семето е бубреговидно, со многу тврда семена лушпа. Може да се одгледува на различни станишта. Се користи како шумски вид за пошумување на голи и еродирани терени, но и како парковски вид. Особено е ценет медоносниот вид. Ал. Анд. Атанас Бадев, портрет од Павле Кузмановски