БАГЕСКИ, Никола

БАГЕСКИ, Никола (Прилеп, 15. XI 1924) – епидемиолог. Медицина завршил во Белград (1956), специјализирал епидемиологија (1967) и спортска медицина (1974) во Скопје. Бил началник на Хигиенско–епидемиолошката служба во Прилеп, директор на Заводот за здравствена заштита, управник на ДНЗ и директор на Медицинскиот центар во Прилеп. Звањето примариус го добил во 1979 г. Бил учесник во НОБ од 1941 г. и пратеник во Собранието на СРМ (1963-1967). П. Б. Багрем (Робиниа псеудоацациа Л.)

2019-01-05T19:38:41+00:00 0 коментари