//БАБУНСКА, Вера Ѓошева

БАБУНСКА, Вера Ѓошева

БАБУНСКА, Вера Ѓошева (Велес, 21. Ⅲ 1920 – Скопје, 2. XI 1999) – револуционер, учесник во работничкото и женското движење во Велес (од 1935) и член на КПЈ (од 1940). По окупацијата работела со жените од Велес за нивно вклучување во НОД. Во 1942 г. била два пати затворана, а потоа во декември интернирана во Белогратчичко, Бугарија. Во истата година повторно била осудена на 15 години строг темничен затвор. Казната ја издржува во затворот во Стара Загора. Од септември 1944 г. е борец на бригадата „Гоце Делчев“. По војната работи како банкарски службеник. Носител на Партизанска споменица 1941 година. ЛИТ: Жените на Македонија во НОВ 1941–1945, Скопје, 1976. Ѓ. Малк. Јован Бабунски

2019-01-05T19:38:41+01:00 0 коментари