БАБУНА

БАБУНА – средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на Република Македонија, а се издига помеѓу долината на реката Бабуна и Прилепско Поле. Во средишниот дел е позната кани во штитовидни соцветија, а Планината Бабуна ко Мукос Планина со највисок врв Лута (1.499 м). Највисок врв е Козјак (1.746 м). На запад Бабуна продолжува во планината Златоврв со истоимениот врв (1.422 м). Билото има динарски правец на протегање СЗ–ЈИ. Геолошкиот состав е претставен со гнајсеви, микашисти, гранодиорити, а на југ накај Сивец, Козјак и Плетвар се јавува дебела серија мермери. Меѓу превалите најзначаен е Присад преку кој минува регионалниот пат ВелесПрилеп. На Бабуна од културно-историските споменици се издвојува манастирот Трескавец. ЛИТ.: А. Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2003. Т. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.