БАБАМОВ, Лазар

БАБАМОВ, Лазар (Кочани, 21. Ⅻ 1906 – Скопје, 10. IX 1976) – агроном, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Земјоделски факултет завршил во Земун – Бел-град. Потоа работи како околиски земјоделски референт и управник на расадник во Кочани, Велес и во Гевгелија (1933–1938). По Ослободувањето станува директор и шеф на одделение во Земјоделскиот институт во Скопје (1944–1956). Објавил повеќе научни и стручни трудови, како ав-тор или коавтор, од областа на селекцијата и агротехниката на житните култури. На специјализација за производство на ориз претстојувал во Италија. Бил член на повеќе комисии и одбори во Земјоделскиот институт и на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Учествувал на повеќе семинари и симпозиуми од областа на оризот и пченката. П. Ив.

Напишете коментар