БАБАМОВ, Васил

БАБАМОВ, Васил (Скопје, 1942) – теориски хемичар и уредник на списанието „Цхемицал Абстрацтс”, Цолумбус, Охајо, САД. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и бил асистент (1968). Докторирал на Универзитетот во Урбана, Илиноис, САД, каде што бил асистент и истражувач (од 1971). Соработник на нобеловецот Р. А. Маркус. Бил постдокторант на Калифорнискиот институт за технологија (Цалифорниа Иституте оф Тецхнологѕ) и предавач на Државниот универзитет во Калифорнија (Цалифорниа Стате Университѕ), професор по хемија во Тихуана, Мексико. Бил аналитичар во Цхемицал Абстрацтс Сервице (од 1986). Претседател е на македонското друштво и на одборот на МПЦ „Ст. Марѕ” во Колумбус. Св. Х. Ј. Баба Планина

2019-01-05T19:38:40+00:00 0 коментари