АЏИЕВСКИ, Томе

АЏИЕВСКИ, Томе (Струмица, 29. XI 1958) – скулптор. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб (1983). Самостојно и групно ја афирмирал македонската уметност во Берлин, Манчестер, Венеција, Лос Анџелес. Создава апстрактни и фигуративни форми поставени во различни амбиенти. Работи и ангажирани интерактивни проекти (Архитектура на агресијата, 2001). М. Б.-П.

2019-01-05T19:36:59+01:00 0 коментари