АЏИЕВСКИ, Коста

АЏИЕВСКИ, Коста (с. Елевци, Дебарско, 28. Ⅹ 1943) – историчар, унив. професор. Завршил историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1968), магистрирал (1976) и докторирал (1990) на катедрата за византологија на Филозофскиот факултет во Белград. На Институтот за историја е избиран во сите звања. Предава општа исто-Коста Аџиевски рија на стариот век (1978–1984), општа историја на средниот век (од 1984 г.) и историја на балканските народи – среден век (од 1996 г.). Бил раководител на Институтот за историја (2001–2005) и на Одделението за античка и средновековна историја во ИНИ (1993– 1998), раководител на Советот на постдипломските студии (1999– 2001), главен и одговорен уредник на сп. „Историја” (1999–2004), член на Републичкиот педагошки совет. Ја истражува средновековната историја на македонскиот народ. Автор е на поголем број научни и стручни трудови. Б. Петр. Томе Аџиевски, од циклусот „Места” (1993)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.