АЈДУЧКА ТРЕВА

АЈДУЧКА ТРЕВА (Ацхиллца миллефолиум) – повеќегодишно лековито зелјесто растение високо 20-80 цм, со бели или розови цветови и силна миризба. Има особено значење во народната медицина. Се верува дека има најлековити својства ако е набрано во времето на меѓудневицата. Се употребува за варење чај или се става директно на рана помешана со урина за да запре крвавењето. Бидејќи за преврска и залечување на раните посебно ја користеле ајдутите, по нив и го добила ова народно именување. Според народната традиција, тоа лековито својство токму тие и го пронашле. Во зејтин ако се пие таа е лек против скрофули (скрофулозен – желкичав), ставена во ракија (плус баење со девет повторувања) лекува треска, чајот пак лекува мрзливост (малаксаност), стомачни болести и забоболка. Кај словенските балкански народи се забележани над 50 различни именувања. ЛИТ.: Богослав шулек, Југославенски именик билја, Загреб, 1879; Драгутин Симоновиќ, Ботанички речник имена билјака, Београд, 1959; Ва-со Дервенџи, Современо лекување со лековити билки, Скопје, 1992, 355-357. С. Мл. Сабина Ајрула-Тозија

2019-01-05T18:11:36+00:00 0 коментари