АЈДИНСКИ, Љубомир

АЈДИНСКИ, Љубомир (Љупчо) Ефтимов (Ново Село, Струмичко, 28. Ⅳ 1930) – дефектолог, универзитетски професор и хуманист. Го завршил Филозофскиот факулет во Скопје (педагогија) и Дефектолошките студии во Бел-град. Докторирал на дефектолошките науки (Белград, 1980). Редовен професор на Дефектолошкиот факултет во Белград (до 1992) и на Филозофскиот факултет во Скопје (Институт за дефектологија, 1993–2000). Објавил над 120 стручно-научни трудови и 15 книги и учебници. Втемелувач на системот за интегрален пристап во рехабилитацијата на ментално ретардираните лица кај нас и еден од основоположниците на дефектолошките студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил републички помошник-секретар за здравство и социјална политика и делегат на Сојузниот собор на Сојузното собрание на СФРЈ (1985–1992). БИБ.: Интегрална рехабилитација на ментално ретардирани деца, 1982; Основи на дефектолошката теорија и практика, 1999; 50 години заштита, рехабилитација, воспитание и образование на лица со пречки во развојот во Република Македонија, 2000 и др. ЛИТ.: В. Андреевски, Човек со благородно дело – проф. д-р Љупчо Ајдински, Скопје, 2003. К. Камб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.