АЈАНОВСКИ, Георги

АЈАНОВСКИ, Георги (Воден, Грција, 25. Ⅱ 1941) – новинар Дипломирал новинарство во Скопје. Во периодот 1962–1966 г. бил соработник а потоа и уредник во в. „Вечер”, „Журнал” и „Нова Македонија”. Постојан дописник од Москва (1979/83). Главен и одговорен уредник на „Нова Македонија” (1989-1995) и заменик генерален директор на НИП „Нова Македонија” (1996). Основач и директор на дневниот весникМакедонија денес” и неделникот „Денес” (од 2001). Публицистички трудови: „Мирка Гинова”, „Сибирските години на Краснаја”, „Признавањето на Македонија”, „Битка за демократија”. Член е на ДПМ (1974), автор на романот „Вани”. Б. П. Ѓ. Вангел АјановскиОче