АЧОВСКИ, Душко Јованов

АЧОВСКИ, Душко Јованов (с. Робово, Пехчево, 18. Ⅵ 1938) – педагог, универзитетски професор. Завршил Висока педагошка школа (математика и физика, 1960) и Филозофски факултет во Скопје (Институт за педагогија, 1981), каде што магистрирал (1991) и докторирал (1996). Предавал на Педагошката академија, а потоа на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје. Бил директор на Педагошката академија и потсекретар во Министерството за образование. Главна преокупација: методиката на наставата по математика. Автор е на учебници по математика за основното образование. БИБ.: Методика на наставата по математика, 1998 и Методика на воспитно-образовната работа по математика, 2000. К. Камб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.